Како независна консултантска и услужна компанија развиваме за секој корисник соодветни решенија за управување на бизнисот, кои ги имплементираме со најсовремени информациони технологии.
AICON Македонија е партнер на фирмата SAP од 1998. година.
Од 2007 год. AICON Македонија е бизнис партнер на фирмата ELO Digital Office GmbH.
Соработувајќи со фирми од различни области на IT индустријата, AICON Македонија може да креира проектни тимови кои со квалитетот и искуството ќе гарантираат за успешното реализирање на сите фази на проектот за имплементација на SAP, како и реализацијата на комплексни информатички проекти.
AICON Македонија д.о.о. е претпријатие кое е на нашиот пазар од февруари 1998. Специјализирани сме за:
- »Водење на проекти за имплементација на SAP ERP и All In One решенија
- »Информатички и бизнис консалтинг
- »Едукација на SAP корисници
- »Развој на специјализирани шаблони (template) на база на SAP системот.
Воедно, наша бизнис политика е воспоставување на цврсти соработки со корисниците, како и другите фирми кои се определени за работа на проекти од овој тип.